Финансиска помош за најзагрозените од Град Скопје
- Во услови на енергетска, економска криза и зголемена инфлација Градот Скопје донесе одлука со која ќе им помогне на најранливите категории на граѓани со средства во изност од 15 милиони денар
Скопје, 14 ноември 2022
Во услови на енергетска, економска криза и зголемена инфлација Градот Скопје донесе одлука со која ќе им помогне на најранливите категории на граѓани со средства во изност од 15 милиони денари.
Градот Скопје е град на солидарност, град кој по катастрофалниот земјотрес во 1963 бил разурнат и благодарение на солидарноста на пријателски држави и народи од целиот свет бил повторно изграден.
Сега е време градот да покаже солидарност со оние граѓани на кој им е најпотребна помош. Време е да бидеме солидарни со ранливите категори на граѓани и со овие средства да им помогнеме да ја пребродат зимата.
Овие средства во вредност од 15 милиони денари граѓаните за кои истите се наменети ќе можат да ги искористат за плаќање на своите сметки за електрична енергија кои од месец во месец вртоглаво растат.
Станува збор за еднократна парична помош за социјално загрозени семејства кои во овие тешки времиња се најпогодени од кризата.
Помошта е наменета за самохрани родители, пензионери со ниски месечни примања, деца без родители како и други ранливи категории на граѓани.
Да се биде хуман значи да се биде човек, идејата за модерно Скопје можеме да ја реализираме само ако сме сите заедно во овие тешки моменти за граѓаните на Скопје.
Одделение за односи со јавност на Град Скопје
—————————————————————————————————————————
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.