• вторник, 24 декември 2024

Финансиска помош за македонскиот женски клупски фудбал

Финансиска помош за македонскиот женски клупски фудбал

Скопје, 31 март 2023 (МИА) – Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) финансиски да ги помогне 11. клубови од Првата македонска фудбалска женска лига (ЖМФЛ) со по 10.000 илјади евра за подмирување на административни потреби.

Средствата, како што е соопштено, се обезбедени од солидарниот Фонд на УЕФА од женската Лига на шампиони за сезоната 2021/22.

Во насока на спроведувањето на стратегијата за развој на женскиот фудбал „Повеќе жени, повеќе голови“ на овој начин, ФФМ со помош од УЕФА дава дополнителна поддршка и поттик за женските клубови од ЖМФЛ да продолжат со напредокот преку оваа помош, пред сè, во логистичка смисла.

Начинот на трошење на средствата кои ги добијат клубовите ќе бидат предмет на преглед и проверка од независни ревизорски куќи.

„Со континуираната помош и во финансиска и во техничка смисла (опрема, фудбалски топки, трошоци за патување … итн.), ФФМ потврдува дека на женскиот фудбал веќе одамна не се гледа како на ентузијастички придонесувач, туку и како на дел од нашиот фудбал кој развива конкретни цели и задачи. Преку напорите на ФФМ ние сакаме да ги поттикнеме клубовите пред сè, да бидат двигатели на идниот подем на женскиот фудбал во Македонија. Голема е помошта од УЕФА во таа смисла и важно е да покажеме дека се третира на вистинско ниво продолжувајќи во таа насока“, изјави генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски. ег/дма/

Фото: ФФМ

Остани поврзан