• вторник, 20 јануари 2026

Финансиска поддршка за младите возачи од Општина Дебрца

Финансиска поддршка за младите возачи од Општина Дебрца

Охрид, 13 јануари 2025 (МИА) – Општина Дебрца распиша јавен повик за субвенционирање на трошоци за полагање возачки испит за Б категорија за младите лица од општината.

Мерката е наменета за сите жители на Општина Дебрца кои во моментот на аплицирање немаат навршено 21 година, без оглед на социјалниот и економскиот статус.

Согласно одредбите од планот за субвенционирање, ќе им бидат доделени 20 илјади денари на секој од апликантите кои успешно ќе го завршат процесот на полагање на возачкиот испит.

Барањата за субвенционирањето можат да се обезбедат или во Архивата на Општина Дебрца или на веб-страницата, додека пријавите се доставуваат лично во затворен коверт во општинската архива во село Белчишта.

Мерката, како што посочи градоначалникот Златко Сиљаноски, е во рамки на активностите за инвестирање во младите од општината. аб/вг/

фото/МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан