• четврток, 26 декември 2024

Финансиската полиција во понеделник влегува во Град Скопје

Финансиската полиција во понеделник влегува во Град Скопје

Скопје, 22 декември 2023 (МИА) - Финансиската полиција во понеделник влегува во Град Скопје во врска со набавката за новогодишното украсување на главниот град.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска информираше дека украсувањето на главниот град ќе чини 30 илјади евра, многу помалку во споредба со другите години.

По забелешките во јавноста за новогодишното украсување во Скопје и реакциите дека не е објавен тендер, Од Град Скопје излегоа со информација дека украсувањето на градскиот плоштад, главните сообраќајници и новогодишниот базар се финансирани преку јавен повик, кој бил објавен согласно актите и прописите како и сите останати јавни повици.

- Ова неколкупати досега е кажано, образложено во детали и транспарентно презентирано на јавноста. Оттука, секоја друга останата „вест“ е обид за манипулација, сензационализам и шпекулации, информираа од Град Скопје.

Во меѓувреме, поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов преку статус на „Фејсбук“ побара оставка од градоначалничката Арсовска. Според него, Скопје се наоѓа во процес на целосна девастацијаи предлага на пролет да има избори и за Скопје. бак/са/

Фото: МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан