• сабота, 28 декември 2024

„Филмска култура“ со домашни наслови во Тетово, Битола и Скопје

„Филмска култура“ со домашни наслови во Тетово, Битола и Скопје
Скопје, 22 август 2021 (МИА) – Манифестацијата „Филмска култура“ по повод 30-годишнината од независноста на државата, во изминатите два дена беше организирана на отворено во Битола и Тетово и беа прикажани наслови од домашната кинематографија. Филмски проекции денеска ќе почнат и во Скопје - во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката, каде што вечер од 20 часот ќе бидат прикажани „Камена градина“ и „Кобра“, двата снимени во 2018 година. Програмата во Тетово денеска продолжува со проекции на филмовите „Црвената соба“ (2016) и „Летечкиот циркус“ (2019). Во Битола исто така ќе биде прикажан „Црвената соба“, како и филмот „Хомо“ (2020). Манифестацијата „Филмска култура“ ја организира продукцијата „Црна мачка“, согласно  со здравствените протоколи за заштита од КОВИД-19. хс/ цр

Остани поврзан