• недела, 24 ноември 2024

Филмот „Бизнисот на задоволството“ пред уругвајската публика

Филмот „Бизнисот на задоволството“ пред уругвајската публика

Скопје, 12 јули 2024 (МИА) - Политичкиот трилер „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски влезе во официјалната селекција на 17. издание на фестивалот „Сине дел Мар“ во Пунта дел Есте, Уругвај. Филмот ќе биде прикажан пред уругвајската публика вечер во 20 часот.  

По Аргентина, Панама, Перу, Венецуела и Боливија, ова е шеста номинација на „Бизнисот на задоволството“ во Латинска Америка. Филмот освои награди за најдобар филм во Панама и Перу.

„Бизнисот на задоволството“, кој тематизира трговија со жени, е финансиран од Агенцијата за филм. Оваа есен се очекува да биде прикажан во македонските кина.

Во главните улоги играат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ и Исмаил Касуми. мч/хс/

фото: Гоце Цветановски

Остани поврзан