• петок, 27 декември 2024

Филков - Кристоф Ле Риголер: Франција преку свои експерти ќе ни помогне во процесот на реформи во правосудството

Филков - Кристоф Ле Риголер: Франција преку свои експерти ќе ни помогне во процесот на реформи во правосудството

Скопје, 3 октомври 2024 (МИА) - Министерот за правда Игор Филков денеска имал средба со амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер, на која се разговарало за соработката меѓу двете земји во областа на правосудството, проектите и реформската агенда.

Амбасадорот Риголер, како што соопштија од Министерството за правда, ги поздравил плановите на министерот Филков за реформи и изразил подготвеност Франција да помогне во сите процеси со различна помош, вклучувајќи и експертска, со цел подготовка за членство во Европската унија.

Во таа насока, министерот Филков информирал дека од 16.09.2024 година започна ангажманот на француски експерт, Сесилиа Мароние која има големо искуство во правосудната област. Од наша страна, се посочува во соопштението, се  обезбедени сите предуслови за овозможување на нејзина непречена работа.

- Како особено значајна беше истакната и соработката со судијата за врска што е во Белград и аташето за внатрешна безбедност на Скопје кои со своите активности помагаат во спроведувањето на реформите, се вели во соопштението од Министерството за правда.

На средбата се дискутирало и за законодавната агенда на Министерството за правда, најавите за отпочнување јавни расправи за Предлог измените на законите за Судски совет и за Јавно обвинителство, како и за Развојната секторска стратегија за правосудството (2024-2028).

Филков и Риголер се обврзале на продлабочување на соработката во периодот што следи и зајакнување на билатералните односи. цр/нд/

Фото: Министерство за правда

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан