• недела, 17 ноември 2024

Филков - Бомгартнер: Француска помош за реформата во правосудниот сектор и за евроинтеграцијата

Филков - Бомгартнер: Француска помош за реформата во правосудниот сектор и за евроинтеграцијата

Скопје, 12 јули 2024 (МИА) - Соработката меѓу Северна Македонија и Франција во областа на правосудството, реформската агенда, проектите, како и следните приоритети на Министерството за правда опфатени со новата Стратегија за реформа во правосудниот сектор 2024-2028 биле теми на разговор на денешната средба на министерот за правда Игор Филков со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер.

Амбасадорот Бомгартнер, како што соопшти Министерството за правда, ги поздравил  плановите на министерот за реформи  и изразил подготвеност Франција да помогне во сите овие процеси со различна помош, вклучувајќи и екпертска.

Како особено значајна била истакната соработката со судијата за врска што е во Белград и аташето за внатрешна безбедност во Скопје кои со своите активности помагаат во спроведувањето на реформите.

-Се очекува во септември во нашата држава да пристигне експертот Сесилиа Мароние која ќе работи две години во Министерството за правда и ќе ни помогне во процесот на евроинтеграциите. Филков и Бомгартнер се обврзаa за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката  од заеднички интерес, се наведува во соопштението. дма/

Фото: Министерство за правда

Остани поврзан