• сабота, 23 ноември 2024

Филипче: Со кинескиот амбасадор Ѕуо разговаравме да се забрза процесот за испорака на 200.000 вакцини од „Синофарм“

Филипче: Со кинескиот амбасадор Ѕуо разговаравме да се забрза процесот за испорака на 200.000 вакцини од „Синофарм“
Скопје, 12 април 2021 (МИА) - Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил напиша дека денеска на негово барање се сретнал со кинескиот амбасадор во државава, Џанг Ѕуо. -На средбата разговаравме за испораката на вакцините од производителот „Синофарм“, односно да се забрза процесот за испорака на 200.000 вакцини, кои според најавите на амбасадата во нашата земја би требало да стигнат до крај на месецов, објави Филипче. рп/дма/

Остани поврзан