• среда, 25 декември 2024

Филипче: Следуваат санкции за оние кои го прекршиле планот за вакцинација

Филипче: Следуваат санкции за оние кои го прекршиле планот за вакцинација
Скопје, 20 февруари 2021 (МИА) - Министерот за здравство Венко Филипче силно ја осудува злоупотребата и прекршувањето на приориртетите за вакцинирање согласно Националниот план за вакцинација, соопшти вечерва Министерството за здравство. Во соопштението се посочува дека ниту едно лице кое не се наоѓа во групата која во моментов има приоритет за вакцинирање, а тоа се само здравствените работници кои работат во ковид-центрите и со ковид-пациенти не смее да се вакцинира. - Листите за вакцинација беа доставени од страна на директорите на секоја здравствена институција и истите уште утре веднаш ќе бидат ревидирани, а оние кои направиле злоупотреби ќе бидат соодветно санкционирани, ја пренесува МЗ изјавата на министерот Филипче. сп/

Остани поврзан