• среда, 20 ноември 2024

Филипче: Ремдесивир и Фавира да се земаат само во консултација со лекарите

Филипче: Ремдесивир и Фавира да се земаат само во консултација со лекарите
Скопје, 5 декември 2020 (МИА) - Ниту еден од овие лекови не се докажани  дека помагат специфично за новата болест, порача министерот за здравство Венко Филипче во одговор на новинарско прашање дека на црно преку интернет се продаваат лековите ремдесивир и фавира за лекување на коронавирусот. При денешната посета на Штип посочи дека тоа се  лекови коишто се докажани дека  помагаат во некои други болести и ситуации и додаде дека не можат да се препишат лекови коишто не помагаат за  конкретна дијагноза. - Никој не треба да  посегне да бара лекови коишто не се  докажани дека помагаат во лекувањето на Ковид-19. Уште во светот има  огромен  број на клинички студии коишто  ипситуваат лекови. Сите знаеме дека специфичен  и посебен лек за оваа болест нема. Се прави комбинација на  постојните терпаии за некои други болести или сиптомите коишто ги дава  оваа болест, а мора да знаеме и граѓаните да знаат дека има навистина широка лепеза на симптоми со коишто оваа  болест може да се манифестира, рече тој. Апелира секој пациент во  консултација со матичниот лекар или за време на болничкото лекување само   со контрола на лекар да прими соодветна терапија. Филипче потенцира дека постои унифициран протокол за лекарите за лекување на болните од Ковид-19 и на тој пиротокол им е  укажано повеќе пати. - Но што е суштината и кога  ќе се каже нема унифициран протокол  се однесува на тоа  дека нема еден терк на лекувањена оваа болест зошто заради тоа што нема една форма на боелста. Има толку многу  различни клинички форми што секоја клиничка форма бара поинаков пристап, поинакво лекување, поинакво  дозирање на  истите лекови коишто доаѓаат предвид за давање при соодветна манифестација  и во таа смисла тоа е така секаде во светот. Затоа е многу битно сите коишто имаат  и најмали симптоми и за било каков чекор во однос на дијагнозата за лекувањето да прават  консултација со лекар, рече Филипче.фф/вдј/

Остани поврзан