• среда, 25 декември 2024

Филипче на летниот камп на СДММ: СДСМ е препознаена како одговорна власт, од вас младите очекуваме нова енергија и идеи

Филипче на летниот камп на СДММ: СДСМ е препознаена како одговорна власт, од вас младите очекуваме нова енергија и идеи
Скопје, 3 јули 2021
Потпретседателот Венко Филипче денеска се обрати на 14иот летен камп на СДММ „Трајче Нешкоски“ каде пред младите зборуваше за политиките на СДСМ кои обезбедуваат подобар живот за сите.
Филипче ја искористи приликата да упати благодарност до сите лекари и медицински лица за нивната пожртвуваност во борбата против пандемијата на коронавирусот, додавајќи дека во целата коронакриза токму младите лекари го презеле поголемиот товар и дека тие целосно го заслужиле пиетот херои на ова време.
Во делот на партиското функционирање Филипче посочи дека СДСМ одамна е препознаена како одговорна власт но и како партија која дава шанса на младите.
- СДСМ е препознаена како одговорна власт која ги решава проблемите во интерес на граѓаните. Вклучувањето на младите во сите процеси, малдинската застапеност од една третина или 33 отсто е сериозен знак, но тоа носи и одговорност. Од вас младите се очекува нов перформанс, не треба да бидете само пристуни туку треба и да го чуеме вашиот глас. Сите имате одговорност да дадете дополнителна вредност. Искористете го времето пред вас да ве препознае средината, да напредувате постојано. Имате и одговорност пред нас повозрасните, ние од вас очекуваме нови идеи нова енергија, а ние сме тука да ви помогнеме, посочи потпретседателот Филипче на четиринаесеттиот летен камп на СДММ „Трајче Нешкоски“ кој традиционално се одржува во Охрид.
СДСМ - Центар за комуникации со јавноста
__________________________________________________________________   МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан