• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Филипче за обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека ССМ одработува за СДСМ: Недозволиво и недемократски е да се стави партиско бележје на таква активност

Филипче за обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека ССМ одработува за СДСМ: Недозволиво и недемократски е да се стави партиско бележје на таква активност

Скопје, 15 март 2025 (МИА) - Претседателот на СДСМ, Венко Филипче околу обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека ССМ одработува за опозициската партија, нагласи дека да се стави партиско бележје на една таква активност е недозволиво и недемократски. Потенцира дека немал никаква комуникација со претставниците на ССМ и оти претседателот на Синдикатот не го познавал од порано.

-Апсолутно немам никаква комуникација со претставници на Сојузот на синдикатите. Претседателот на ССМ го имаме сретнато само еднаш пред неколку месеци во Собрание и тогаш си се запознавме, претходно не сум го знаел ниту порано, кога дискутиравме за барањата на вработените во секторот образование. Сметам дека да се стави партиско бележје на една таква активност е недозволиво и недемократски поради тоа што синдикатот како репрезент на работниците, на нивните реални и објективни барања тоа му е едноставно работа. Ние во изминатиот период кога ја водевме Владата покажавме што значи вистинска грижа за работниците. Ние проактивно работевме да работиме да најдеме дополнителни средства во буџетите, да ги зголемиме платите, тенденцијата на раст на минималната и просечната плата да остане со текот на годините, да може да се зголеми квалитетот на живот на работниците, рече тој.

Според него, сега кога работниците укажуваат дека тешко се живее и се потребни најмалку три минимални плати, посочи дека имаме проблеми и лоша економија.

-А, едноставно сега кога работниците укажуваат дека тешко се живее, дека се потребни најмалку три минимални плати да се обезбеди една потрошувачка кошничка, очигледно е дека имаме проблем. Меѓутоа, таа тенденција на Владата сметам дека е многу опасна. Тоа значи дека тие ќе му фрлат партиско обележје на било кое барање, на било која група на луѓе кога имаат реални проблеми кои проблеми Владата едноставно треба со својата работа за да ги реши. Впрочем за тоа се тие тука, а не да ги критикуваат барањата и да ги бележат дека со ваква или таква партиска боја или да бараат некаква конекција. Тоа што не се излегува во пресрет на барањата на работниците, сметам дека е немање на демократски капацитет и немање волја и желба за да се направи нешто за нив. Јасното укажување дека лоша прогноза за економија е тоа што нема реформи, очигледно е дека Владата е лош менаџер. Ние можеме да очекуваме само дополнителни кризи, рече опозицискиот лидер Филипче.

Централниот и Извршниот комитет на ВМРО-ДМНЕ вечерва на состаноци зад затворена врата во партиското седиште ја утврдува листата на кандидати за пратеници на претстојните парламентраниизбори н

Слободан Трендафилов, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), одработува за опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ), обвинуваа денеска од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочија дека Трендафилов не води никаква битка за правата на работниците, туку дека неговата борба е со цел да се оддолжи и да одработи за опозициската партија, зашто незаконски е поставен за прв синдикалец, кој ужива бенефиции.

-Откако го премолчи периодот на владеење на СДС и тогаш не бараше повисока плата за работниците, сега Трендафилов како на копче се активираше. Неговите барања се илузорни и неаргументирани. Не се поткрепени со никакви анализи. Единствено се подготвени и проилегуваат од кујната на СДС, кои тој како нивен портпарол ги презентира во јавноста, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.фф/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан