• среда, 27 ноември 2024

Филипче: Есенскиот бран ги оптерети лабораториите за тестирање, се работи на изнаоѓање решение за нови термини

Филипче: Есенскиот бран ги оптерети лабораториите за тестирање, се работи на изнаоѓање решение за нови термини
Скопје, 23 октомври 2020 (МИА) - Силниот есенски бран ги оптерети лабораториите за тестирање, но се работи на изнаоѓање решение за нови термини, информираше вечерва министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил.
-Викендов сите лаборатории ќе работат со полн капацитет за да се постигне со обработката на тестови, а денеска разговаравме за отворање на нови термини на почетокот на следната недела. Сите капацитети се максимално ангажирани, колегите работат во три смени. Верувам дека брзо ќе изнајдеме решение за надминување на состојбата, потенцира Филипче. бк/

Остани поврзан