• сабота, 28 декември 2024

Филипс ќе повлече од три до четири милиони респиратори

Филипс ќе повлече од три до четири милиони респиратори
Хаг, 14 јуни 2021 (МИА) - Холандскиот производител на медицински помагала Филипс денеска соопшти дека повлекува дел од респираторите поради опасноста пената да се распадне на ситни, токсични честички, што може да предизвика рак. - Пената се користи за придушување на звукот на уредот и може да се распадне во честички што лесно се вдишуваат и ги иритираат дишните патишта. Пената се распаѓа и формира гасови, кои исто така можат да бидат токсични и вклучуваат ризик од рак, се наведува во соопштението. Директор на Филипс, Франс ван Хоутен најави повлекување од три до четири милиони респиратори и машини за помош при дишење во случај на апнеа во сон. Филипс во својот деловен извештај за првиот квартал објави дека издвои 250 милиони евра за решавање на проблемот, а сега планира да издвои уште 250 милиони. - Ќе ги искористиме сите наши капацитети и ќе се фокусираме единствено на замена и поправка на овие уреди, посочи Ван Хаутен, додавајќи дека за таа постапка ќе треба една година. ми/

Остани поврзан