• среда, 18 декември 2024

Филиповски: Аеродром добива нова општинска зграда - подобри услуги за граѓаните

Филиповски: Аеродром добива нова општинска зграда - подобри услуги за граѓаните
Скопје, 11 октомври 2021 (МИА) - Како ново општинско раководство, ќе продолжиме со изградбата на новата општинска зграда, за која веќе има подготвено проект. На овој начин, после 16 години, Аеродром за прв пат ќе добие своја зграда за општинската администрација. Високиот месечен наем што се плаќа ќе биде пренасочен кон развој, кон нови проекти за граѓаните и креирање на услуги, изјави Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром на СДСМ и коалицијата. Вредноста на овој проект, како што рече е 165 милиони денари, а рокот за реализација е три години. Филиповски исткна дека овој административен објект, покрај тоа што ќе ги задоволи потребите за администрацијата, ќе располага и со мултифункционален центар. Просторот ќе биде достапен и за сите заинтересирани граѓани и граѓански организации. Исто така, ќе можат да се организираат и културни настани, едукативни работилници. Кандидатот на СДСМ и коалицијата посочи дека локалната самоуправа ќе направи напор, во административната зграда свој простор да имаат и подрачните единици на другите институции, со кои граѓаните имаат секојдневна комуникација. - Основната цел е сите важни институции за аеродромци да бидат на едно место. Така граѓаните полесно ќе ги остваруваат своите права, ќе заштедат на време и трошоци. Ја барам поддршката за општина која навистина ќе биде сервис на сите граѓани. Како што истакнав и вчера, целосно ќе ги реорганизираме и урбаните заедници по населбите. А, жителите ќе можат да комуницираат со општината и преку мобилна апликација, заврши Филиповски. Тој денешната изјава за медиуми ја започна и со честитка до сите граѓани, по повод 11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ. Филиповски истакна дека борбата ни минатите генерации придонела денеска да имаме слободна и независна држава која опстојува на европските вредности за подобро образование, поквалитетен здравствен систем, стабилна и развојна економија. ац/

Остани поврзан