• среда, 25 декември 2024

Филипините и Кина постигнаа договор за спорниот гребен во Јужното Кинеско Море

Филипините и Кина постигнаа договор за спорниот гребен во Јужното Кинеско Море

Манила, 21 јули 2024 (МИА) - Двајца филипински функционери денеска изјавија дека Филипините и Кина постигнале договор да избегнат понатамошни конфронтации во близина на спорниот гребен во Јужното Кинеско Море, каде што неодамнешните престрелки ги зголемија стравувањата од поголем конфликт што може да ги вклучи и САД, пренесе Бета.

Договорот беше постигнат по серијата состаноци зад затворени врати меѓу филипинските и кинеските дипломати во Манила и размената на дипломатски ноти со цел да се воспостави взаемно прифатлив договор за филипинските подрачја, за кои тврди и Кина.

Кинеската крајбрежна стража и другите сили користеа водени топови и опасни маневри за блокирање за да спречат храна и други резерви да стигнат до персоналот на филипинската морнарица стациониран на гребенот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан