• сабота, 23 ноември 2024

Филаделфија избори плејофот

Филаделфија избори плејофот

Филаделфија, 18 април 2024 (МИА) – Екипата на Филаделфија ќе игра во плејофот на НБА-лигата. Сиксерси ноќеска во плејин средбата ги совладаа кошаркарите на Мајами Хит со 105:104.

Најпродуктивен играч за Филаделфија беше центарот Џоел Ембид. Имаше 23 поени, 15 скока и пет асистенции.

Клучен играч од клупата во домашниот тим беше Николас Батум, кој постигна 20 поени и пет скока.

Најефикасен во Мајами беше Тајлер Херо со 25 поени.

Филаделфија во првото коло од плејофот ќе се соочи со Њујорк никс.

Мајами ќе има уште една шанса да избори учество во разигрувањето за титулата. Противник во вториот дуел од плејин ќе им биде Чикаго кој ноќеска го победи тимот на Атланта. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан