• среда, 25 декември 2024

Физички нападнат малолетник во Дебар

Физички нападнат малолетник во Дебар

Дебар, 5 февруари 2024 (МИА) – Вчера попладне неколку лица нападнале малолетни, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

- Во 16:30 часот, во дебарското одделение за внатрешни работи е пријавено дека, на улицата „Вељко Влаховиќ“ во Дебар, неколку лица, физички нападнале малолетник од Дебар. По целосно расветлување на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, додаде Димовски.

Исто така информираше дека вчера во периодот од13 до 19 часот, на подрачјето на СВР Охрид е спроведена засилена сообраќајна контрола.

- Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 87 возачи кои во и надвор од населено место, управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената. Од нив 17 во Охрид 48 во Струга, 18 во Кичево и четворица во Дебар. вт/ир

 

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан