• среда, 25 декември 2024

ФИДЕ додели Златна плакета на ПСУ „Јахја Кемал“

ФИДЕ додели Златна плакета на ПСУ „Јахја Кемал“

Будимпешта, 20 септември 2024 (МИА) - На конгресот на Светската шаховска федерација (ФИДЕ) за имплементација на шахот во образованието за време на 45-та Шаховска олимпијада во Будимпешта беше доделена Златна плакета на ПСУ „Јахја Кемал“.

Наградата на ПСУ „Јахја Кемал“ и наставникот по шах Орце Данчевски е врачена од светскиот шампион во шах од Индија, Вишванатан Ананд.

Ова е највисокото глобално признание од ФИДЕ за имплементирање на шах во училишната програма.

ПСУ „Јахја Кемал“ доби највисоко бодување на програмата за работа, материјалите и сеопфатноста во предавањата, интегрирање на шахот во образовната програма севкупно, висококвалификувани инструктори по шах, промоција на шаховските настани со медиумска покриеност како и промоција на социјална инклузија, финансирањето на шахот преку училишниот буџет.

Златн ПСУ „Јахја Кемал“ го доби во конкуренција на шаховски школи од целиот свет и е единствен добитник на оваа награда на ниво на Балкан. 

Шахот како предмет во ПСУ Јахја Кемал е воведен во 2008 година. зс/

Остани поврзан