• среда, 25 декември 2024
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Фидан: Турција и Унгарија се во тесна координација за членството на Шведска во НАТО

Фидан: Турција и Унгарија се во тесна координација за членството на Шведска во НАТО

Анкара, 28 јули 2023 (МИА) - Турција и Унгарија се во тесна координација во врска со ратификацијата на членството на Шведска во НАТО, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.

На заедничката прес-конференција со неговиот унгарски колега Петер Сијарто, Фидан рече дека Шведска презела одредени чекори како одговор на барањата на Турција во врска со борбата против тероризмот, но оти очекува дополнителни чекори од Стокхолм.

Турскиот парламент ќе расправа за ратификацијата на членството на Шведска во НАТО кога ќе продолжи со работа наесен, во октомври.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 10 јули даде зелено светло за прием на Шведска во НАТО, што тој го блокираше повеќе од една година. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан