• среда, 25 декември 2024

Фидан: ОН не можат да покажат лидерство за справување со актуелните глобални предизвици

Фидан: ОН не можат да покажат лидерство за справување со актуелните глобални предизвици

Њујорк, 24 септември 2024 (МИА) – Обединетите нации (ОН) не успеаја да покажат лидерство во справувањето со актуелните глобални предизвици, истакна турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, јави Анадолија.

- И меѓународната заедница и Обединетите нации се пред историски тест, рече Фидан вчера на Самитот на иднината на ОН во Њујорк.

- За жал, Обединетите нации не беа во можност да го покажат лидерството што треба да се соочи со постојано растечките закани за човештвото денес, истакна Фидан.

Конференцијата на високо ниво ги обединува светските лидери со цел да создадат нов меѓународен консензус за подобро презентирање и заштита на иднината.

Фидан рече дека е потребна ефикасна нова структура која ќе произведе заеднички решенија за глобалните проблеми.

- Ни треба поправеден, поинклузивен и поефективен мултилатерален модел. На Обединетите нации им се потребни сеопфатни реформи, особено во Советот за безбедност, додаде шефот на турската дипломатија.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган долго време се залага за реформи во ОН, често користејќи го слоганот „Светот е поголем од пет“, мислејќи на нерепрезентативното членство во Советот за безбедност.

„Ердоган, исто така, ја осуди недоволната ефикасност на ОН во одговорот на разни меѓународни кризи, особено во однос на речиси едногодишната израелска војна во Газа, во која досега загинаа над 41.000 луѓе, главно жени и деца, а повредени се над 95.000 Палестинци“, потсетува Анадолија.

Фото: Анадолија

Остани поврзан