• сабота, 27 јули 2024

Фидан: Ердоган планира разговор со Путин во Казахстан

Фидан: Ердоган планира разговор со Путин во Казахстан

Анкара, 25 јуни 2024 (МИА) - Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денеска изјави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган планира да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Казахстан.

Ердоган очекува да разговара со Путин на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка на 3-4. јули во Астана.

На дневен ред на преговорите меѓу двајцата лидери ќе се најде ситуацијата во Украина, билатералните прашања и особено изградбата на гасен центар во Турција, објави претходно телевизијата Хабертурк, повикувајќи се на неименувани извори.

„Во наредните денови претседателот најверојатно ќе се сретне со Путин во Казахстан“, изјави Фидан во интервју за Хабертурк. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан