• среда, 25 декември 2024

Фигурина изработена од Чарлс Трети продадена за 8.500 фунти

Фигурина изработена од Чарлс Трети продадена за 8.500 фунти

Бирмингем, 6 јyни 2024 (МИА) - Пред околу шест десетлетија сегашниот британски крал Чарлс Трети изработил статуетка во облик на коза... Малата ќерамичка фигурина што Канаѓанецот Рејмон Патен ја чувал 55 години кај себе, е продадена на наддавање во Округот Стафордшир во Англија оваа недела. Достигнатата цена е 8.500 фунти.

На Патен, за неговиот 21 роденден, фигурата му ја подарила неговата тетка, која во доцните 1960-ти работела како готвачка на Универзитетот на Кембриџ, т.е. на „Квинс“ колеџот.

- Верувам дека таа лично го познавала идниот крал. Оваа фигура ми беше важна цел живот... Таа ми кажа дека принцот Чарлс ја направил фигурината и беше горда на фактот што тој присуствувал на Универзитетот Кембриџ, изјави Патен.

Чарлс Хансон, од аукциската куќа „Хенсон окшенирс“ (Hansons Auctioneers), надополни дека дека досегашниот сопственик одлучил да ја даде статуетката поради нејзиното историско значење.

- Тој старее и сакаше на фигурината да ѝ најде нов дом каде што ќе биде ценета со децении однапред, нагласи аукционерот.  си/сд/

Фото: Инстаграм, фотоисечок

Остани поврзан