• вторник, 26 ноември 2024

ФИБА ги одреди термините за августовските претквалификации

ФИБА ги одреди термините за августовските претквалификации
Скопје, 19 јули 2021 (МИА) – Натпреварите за пласман во главниот дел од квалификациите за Светскиот Куп 2023 година што ќе се играат во Скопје, во СЦ „Јане Сандански“ ќе почнуваат во 19 часот. Според претходно одредениот календар од страна на ФИБА, македонската репрезентација претквалификациите ќе ги почне на 12 август, против селекцијата на Швајцарија. Два дена подоцна, на 14 август, сениорите ќе ги одмерат силите и со селекцијата на Словачка. На 16 август, „црвено-жолтите“ ќе го имаат вториот дуел против репрезентацијата на Швајцарија, а на 18 август, турнирот го затвораат со натпревар против Словачка. Првопласираните две селекции од групата „Ф“ ќе се пласираат во квалификацискиот сегмент за Мундобаскетот во 2023 година. зс

Остани поврзан