• недела, 29 декември 2024

ФИА се откажа од истрагата за Луис Хамилтон

ФИА се откажа од истрагата за Луис Хамилтон
Тоскана, 15 септември 2020 (МИА) - Шесткратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон нема да биде под истрага од Меѓународната автомобилстичка федерација (ФИА) за носење маица со натпис „Уапсете ги полицајците кои ја убија Бреона Тејлор“ по Големата награда на Тоскана во неделата. Портпарол на ФИА вчера изјави дека раководното тело започнува истрага против Хамилтон, но денес стана јасно дека таа е прекината. На маицата на Хамилтон беше претставена црнокожата Тејлор, која беше застрелана од американската полиција во куќа во Кентаки. Триесет и пет-годишниот Британец е доста активен во борбата против расизмот во последните месеци и ги натера другите тимови и возачи на Формула 1 да се приклучат на каузата.

Остани поврзан