• петок, 21 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ФИА го осуди исвиркувањето на Верстапен и Хорнер на манифестацијата Ф1 75

ФИА го осуди исвиркувањето на Верстапен и Хорнер на манифестацијата Ф1 75

Лондон, 23 февруари 2025 (МИА) – Светската автомобилистичка федерација (ФИА) реагираше во врска со свирежите од присутните упатени кон возачот на Ред Бул, Макс Верстапен и тимскиот шеф Кристијан Хорнер на претставувањето на Формула 1.

Настанот се случи синоќа во „О2“ во Лондон.

Федерацијата соопшти дека е „разочарана од нецивилизираната“ реакција на навивачите.

- Верстапен и Хорнер имаат голем придонес во спортот што го сакаме. ФИА е посветена на заштита на интегритетот на спортот. Ние стоиме зад сите натпреварувачи, волонтери и навивачи. Ја повикуваме спортската заедница да ги земе предвид последиците од нивните постапки, стои во дел од соопштението на ФИА.

Таткото на Верстапен, Јос, изјави за холандските медиуми дека исвиркувањето е неприфатливо и дека неговиот син нема повеќе да присуствува на вакви настани во Англија.

Во О2 арена присуствуваа повеќе од 15 илјади гледачи кои најголема поддршка му дадоа на Луис Хамилтон. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан