• среда, 25 декември 2024

Фиала доби мандат за формирање на нова чешка влада

Фиала доби мандат за формирање на нова чешка влада
Прага, 9 ноември 2021 (МИА) - Претседателот на Чешка, Милош Земан денеска му го довери мандатот за формирање влада на лидерот на коалицијата Заедно, Петр Фиала. Коалицијата Заедно, составена од конзервативци, демохристијани и либерали освои најмногу гласови на парламентарните избори на 8 и 9 октомври. Заедно освои 108 пратенички места од 200 во Долниот дом на Парламентот. Пет партии вчера потпишаа коалициски договор, кој предвидува 18 министри со премиерот Фиали, лидерот на Граѓанската демократска партија и коалицијата Заедно. Сенатот на чешкиот Парламент денеска одлучи засега да се откаже од процедурата за одземање на надлежностите на Земан, бидејќи неговата здравствена состојба, по речиси еден месец поминат на интензивна нега, е доволно подобрена за да може да ги извршува најосновните обврски. Претседателот на Чешка има само церемонијална улога и единствена ситуација во кој има улога оставка на владата и назначување нова. ми/

Остани поврзан