• среда, 25 декември 2024

ФЗОРСМ: Почна исплатата и на аптеките, од утре средства на сметките

ФЗОРСМ:  Почна исплатата и на аптеките, од утре средства на сметките

Скопје, 20 февруари 2023 (МИА) - Исплатата и на аптеките е започната и од утре ќе имаат средства на нивните сметки, соопшти попладнево Фондот за здравствено осигурување, откако претходно денеска извести дека нивниот систем профункционирал и стартувала исплатата на боледувањата, породилните и рефундациите. 

По хакерскиот напад  на институцијата со којшто беа оневозможени услугите Фондот објави дека ИТ-експертите ги финализираат процесите и функционалностите и оти речиси сите модули се ставени во функција. 

Со тоа, посочи Фондот, започна исплатата на боледувањата, породилното отсуство и разни рефундации.

- Се очекува осигурениците етапно да ги добиваат средствата на своите сметки во текот на утрешниот ден и во среда. Тоа значи дека веднаш ќе започне исплатата на боледувањата кои биле внесени до 5.2.2023 година. Податоците за боледувањата кои се доставени по овој датум ќе започнат да се внесуваат во подрачните служби за и тие да влезат во системот за редовна исплата, соопшти ФЗО, најавувајќи дека е во тек и враќањето во функција и на ДРГ-системот, за евиденција на болничките услуги. лв/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан