• четврток, 26 декември 2024

Фејт Кипјегон прва на 1.500 метри во Јуџин

Фејт Кипјегон прва на 1.500 метри во Јуџин
Јуџин, 19 јули 2022 (МИА) - Фејт Кипјегон од Кенија го освои првото место со истрчано време од 3 минути и 52.96 секунди на трката на 1.500 метри во женска конкуренција на Светското првенство во Орегон, САД. Второто место со време од 3:54:52 го освои Гудаф Чегаи од Етиопија, додека третото Лора Мур од Велика Британија со резултат од 3:55:28 минути. - Се соочував со голем притисок. Сите очекуваа нешто посебно од мене. Сите викаа, „Верба“, веруваме во „Верба“, па тоа беше вистински притисок. Но јас успеав, рече Кипјегон, двократнa олимпискa шампионка на 1.500 метри. На делницата од 1.500 метри, Кипјегон има и две сребра и две први место на Олимписките игри во Рио де Жанеиро и Токио. ар/бак/

Остани поврзан