• четврток, 26 декември 2024

Фејсбук ја засилува кампањата против дезинформациите за вакцините

Фејсбук ја засилува кампањата против дезинформациите за вакцините
Вашингтон, 9 февруари 2021 (МИА) - Фејсбук повторно ја менува својата политика и најави неколку мерки за борба против дезинформациите за вакцините, вклучително и отежнато пронаоѓање на налози на Инстаграм, со кои се обесхрабруваат луѓето да се вакцинираат. Фејсбук вчера соопшти дека ќе ги интензивира напорите за отстранување на лажните тврдења на својата платформа и на Инстаграм за Ковид-19, за вакцините против коронавирусот и генерално за вакцините. Исто така социјалната мрежа најави дека во својот „Информативен центар Ковид-19“ ќе почне да објавува линкови до локалните здравствени интерент страници со цел да им помогне на корисниците да утврдат дали ги исполнуваат условите за вакцина и како можат да ја добијат. Најавата на Фејсбук уследи еден ден откако „Си-Ен-Ен бизнис“ објави дека Инстаграм продолжува да ги прикажува налозите на „антиваксерите“ во пребарувањето, а исто така лесно можат да се најдат Фејсбук групите кои се против вакцините. Тоа предизвика загриженост помеѓу американските експерти за јавно здравје, со оглед на тоа дека во САД се спроведува имунизација како дел од мерките за сузбивање на пандемијата со Ковид-19. ми/

Остани поврзан