• сабота, 21 декември 2024

Фетел: Хамилтон ме поддржа по одлуката за напуштање на Ферари

Фетел: Хамилтон ме поддржа по одлуката за напуштање на Ферари
Берлин, 20 декември 2020 (МИА) - Возачот на Астон Мартин, Себастијан Фетел по одлуката да го напушти Ферари, добил поддршка од актуелниот шампион во Формула 1 Луис Хамилтон. Покрај вестите за заминувањето од Ферари, сезоната 2020 беше исклучително несреќна за Фетел во однос на нивото на перформансите на тимот и ривалството со Шарл Леклер. - Да, Луис ми се јави веднаш штом ја доби веста. Потоа разговаравме двапати на оваа тема, се допишувавме. Всушност, тој секогаш ме поддржуваше, се обидуваше да ме расположи, ме мотивираше да продолжам. И имам многу причини да му честитам за овие фантастични достигнувања. За време на својата кариера во Ферари, Фетел победи на 14 трки, беше на пол 12 пати и заработи вкупно 1400 поени. Ова го прави трет најуспешен возач во историјата на Ферари, зад Михаел Шумахер (72 победи) и Ники Лауда (15 победи). Но, за разлика од нив, тој не успеа да стане шампион како возач на „Скудерија“. - Да, не успеавме во ова. За жал на крајот на краиштата, ова е главниот недостаток. Иако е јасно дека имало повеќе причини за нашиот неуспех. Од друга страна, никогаш не треба да тагувате премногу долго ако не сте успеале да ја постигнете својата цел, потенцира германскиот пилот. зс/

Остани поврзан