• сабота, 21 декември 2024

Фетел сè уште не е негативен на коронавирус и може да го пропушти ГН на Саудиска Арабија

Фетел сè уште не е негативен на коронавирус и може да го пропушти ГН на Саудиска Арабија
Лондон, 24 март 2022 (МИА) - Пилотот на Астон Мартин, Себастијан Фетел може да го пропушти Гран при на Саудиска Арабија, соопшти прес-службата на тимот. Германецот сè уште нема дадено негативен тест за коронавирус и не може да се приклучи на тимот. Поради коронавирусот, Фетел ја пропушти првата трка сезонава во Бахреин минатиот викенд. Него го замени резервниот возач на Астон Мартин, Нико Хулкенберг, кој заврши на 17. место. Хулкенберг е со тимот и повторно ќе го замени Фетел доколку биде принуден да пропушти втора трка по ред. Астон Мартин утре на 25 март ќе донесе конечна одлука за ситуацијата со Фетел. Трката во Формула 1 за Големата награда на Саудиска Арабија ќе се вози од 25 до 27 март. зс/

Остани поврзан