• понеделник, 18 ноември 2024

Фетел: Преговарам со Астон Мартин и многу скоро ќе одлучам за иднината

Фетел: Преговарам со Астон Мартин и многу скоро ќе одлучам за иднината
Лондон, 9 септември 2021 (МИА) - Пилотот на Астон Мартин, Себастијан Фетел, не потврди дека ќе остане во тимот во 2022 година, иако се надева на успешно завршување на преговорите. - Немам новости. Комуницирам со тимот и мислам дека наскоро ќе добиеме одговор. Но, досега ништо ново. Ние преговараме. Навистина уживам да работам овде, имаме одлична атмосфера и верувам дека тимот ќе има многу светла иднина. Не сум загрижен и чувствувам дека наскоро ќе дознаеме сè, изјави Фетел пред трката во Италија. Пред сезоната 2021 година во Формула 1 шампионатот, Себастијан потпиша договор 1+1 со тимот, а Астон Мартин допрва треба да го објави списокот за 2022 година. зс/

Остани поврзан