• четврток, 19 декември 2024

Фетел на скутер во потера по крадци во Барселона

Фетел на скутер во потера по крадци во Барселона
  Барселона, 23 мај 2022 (МИА) – Поранешниот светски првак во Формула 1, Германецот Себастијан Фетел, бил ограбен во Барселона по што самиот со електричен скутер тргнал во потера по крадците, јавија денеска шпанските медиуми. Локалната полиција потврди дека четирикратниот светски првак минал неповреден во инцидентот, а разбојниците украле ранец од неговиот автомобил. Грабежот се случил во центарот на градот пред хотелот во кој возачот на Астон Мартин престојувал за време на трката за Големата награда (ГН) на Барселона изминатиот викенд. Според шпанските медиуми, Фетел го оставил отворен прозорецот во својот автомобил што разбојниците го искористиле и му го украле ранецот. Германскиот возач во Ф1, меѓутоа, со електричен скутер тргнал во потера по крадците, откако успеал да ја утврди локацијата на украдениот предмет со помош на слушалки кои биле во ранецот. Слушалките биле пронајдени фрлени од возилото, а се претпоставува дека крадците сфатиле дека можат да бидат лоцирани. Случајот е пријавен во полиција која отворила истрага. Фетел во неделата го освои 11 место на ГН на Барселона, а во генералниот пласман сезонава во Ф1 е на 14 место. ег/

Остани поврзан