• сабота, 21 декември 2024

Фетел: Кога заврна, трката се претвори во лотарија

Фетел: Кога заврна, трката се претвори во лотарија
Сочи, 27 септември 2021 (МИА) - Пилотот на Астон Мартин, Себастијан Фетел, ги сподели своите впечатоци по вчерашната трка во Формула 1 возена во Сочи за Големата награда на Русија. Германецот го освои 12. место. - Кога почна да врне, трката се претвори во лотарија. Опцијата беше 50:50 да ги смените гумите или не. Знаевме дека дождот доаѓа, но ми се чинеше дека ќе остане слаб, па решив да останам на истите пневматици. Отпрвин беше толерантно. Се надевавме дека заштедивме многу време и направивме добар напредок, но потоа одеднаш почна да врне силен дожд и во тој момент нашата трка беше загубена. Кога почнува да врне толку доцна на трката, секогаш има можности, но денес не можевме да ги искористиме. Ризикувавме како и некои од нашите ривали, но, за жал, не се исплатеше. Впрочем, тоа има повеќе врска со среќа отколку со искуство, изјави Фетел. Победата ја извојува пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон кој ги смени гумите во финишот на трката и тоа му донесе резултат. зс/

Остани поврзан