• сабота, 21 декември 2024

Фетел го отстрани знамето на Северен Кипар од кацигата по жалбата од Кипарската автомобилска асоцијација

Фетел го отстрани знамето на Северен Кипар од кацигата по жалбата од Кипарската автомобилска асоцијација
Бахреин, 12 март 2022 (МИА) - Возачот на Астон Мартин, Себастијан Фетел, мораше малку да ја смени кацигата пред последниот ден од тестирањето на Формула 1 во Бахреин. Претходно Фетел промовира кацига во жолта и сина боја. Во долниот дел има огромен број ситни државни знамиња. Меѓу нив беше и знамето на Турската Република Северен Кипар, земја чие постоење го признава само Турција. Кипарската автомобилска асоцијација, која работи под покровителство на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА), се пожали до ФИА за постапките на Фетел. Таа го повика Себастијан да го отстрани знамето на Северен Кипар, а Федерацијата да го казни пилотот и неговиот тим. Четирикратниот шампион во Ф1 го отстрани контроверзното знаме, изјави портпаролот на Астон Мартин. Компанијата за дизајнирање кациги „JMD“ се извини за пропустот. зс/

Остани поврзан