Фетаи се сретна со албанскиот претседател Бајрам Бегај
- Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска во Скопје, заедно со претседателот на Собранието, Африм Гаши, и првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, имаше средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај.

Скопје, 3 април 2025 (МИА) - Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска во Скопје, заедно со претседателот на Собранието, Африм Гаши, и првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, имаше средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај.
За време на средбата се разговарало за зајакнување на соработката меѓу Албанија и Северна Македонија во рамките на процесот на интеграција во Европската Унија, како и за други прашања од заемен интерес.
-Главните теми на разговорот беа Коридорот VIII, безбедноста, претстојната посета на претседателот Бегај на Северна Македонија и најновите политички случувања во нашата земја, напиша Фетаи на својот профил на Фејсбук.
Истакнувајќи ја важноста на добрите односи во сите области, Фетаи оценил дека соработката меѓу Северна Македонија и Албанија е клучна за стабилноста и просперитетот на регионот. сст/дма/
Фото: Кабинет на вицепремиер задолжен за политики на добро владеење Арбен Фетаи