• недела, 28 јули 2024

Фестивал „Пелагија 2021“ в сабота во Лешочкиот манастир

Фестивал „Пелагија 2021“ в сабота во Лешочкиот манастир

Тетово, 19 октомври 2021 (МИА) - Здружението за култура и уметност „Иљо Антески-Смок“ од Тетово во рамки на шестата меѓународна културна манифестација „Денови на Иљо 2021“ в сабота го организира петтиот интернационален фолклорен фестивал „Пелагија-2021“. Фестивалот ќе се одржи во Лешочкиот манастир со почеток од 13 часот.

-Интернационалниот дух на фолклорен фестивал  „Пелагија - 2021“ годинава му го дава очекуваното присуство на културно-уметнички друштва од Индија, Украина, Србија, Црна Гора и Бугарија. Од домашните културно-уметнички друштва настапуваат „Мирче Ацев“  и „Китка“ од Скопје,  КУД „Мислешево“ од Струга, КУД „Карпош“ од Крива Паланка, КУД „Јени Хасани“ од Чегране-Гостивар и домашниот фолклорен ансамбл „Иљо Антески-Смок“, изјави Милорад Ѓорѓевски, претседател на ЗКУ „Иљо Антески-Смок“.

Одржувањето на фестивалот е дел од активностите на Здружението кое годинава бележи 99 години постоење. ас/мд/

Остани поврзан