• четврток, 26 декември 2024

Фестивал на детски песни „Распеано детство“ во Куманово

Фестивал на детски песни „Распеано детство“ во Куманово
Куманово, 1 јуни 2022 (МИА) - Фестивалот на детски песни „Распеано детство“ ќе се одржи вечер во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ со почеток во 20 часот, информираа денеска организаторите од здружението „Етно Ризница“ од Куманово. Годинава на фестивалот ќе настапат 16 деца од државата и земјите од соседството. - Подготовките се завршени, снимен е носачот на звук од 16 детски песни. Како и сите манифестации кои ги организира здружението „етно ризница“ имаме меѓународни гости од Црна Гора, Србија, БиХ и Бугарија. Ова е еден од најстарите фестивали во североисточниот регион кој со прекини се организира по 17-ти пат, изјави претседателот на здружението, Драган Јакимовски. Од здружението истакнаа дека на новите детски песнички работеле 20 музичари. Организаторите се надеваат дека фестивалот ќе добие поддршка од институциите и ќе се организира секоја година на 1 јуни по повод Меѓународниот ден на детето.  ам/свс

Остани поврзан