• четврток, 19 декември 2024

Фестивалот на европски филм „Синедејс“ ќе биде отворен со македонскиот филм „Мими“

Фестивалот на европски филм „Синедејс“ ќе биде отворен со македонскиот филм „Мими“
Скопје, 4 јули 2022 (МИА) - Под мотото „Од високо подобро се гледа“ на 7 јули ќе започне 21. издание на фестивалот на европски филм „Синедејс“. По тој повод денеска во Музејот на современа уметност се одржа прес-конференција на којашто организаторите информирааа дека овогодишното издание ќе содржи повеќе од 50 филмови, а „Синедејс“ ќе биде отворен со македонскиот филм „Мими“. Филмот којшто е селектиран во SEE програмата на „Синедејс“ раскажува за Мими која ги напушта своите родители, и болното минато од родното место, за да студира во Скопје. Ја запознава Сара – млада мајка со богат но насилен сопруг. Работејќи во киоскот на вујко ѝ, и како бебиситерка за Сара, Мими копнее по единственото што не може да го има – мајчинството. Улогите ги толкуваат Наталија Теодосиева, Тамара Ристоска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Сашко Коцев, Владимир Петровиќ, Стефан Спасов. Продуцент на филмот е Томи Салковски, а копродуценти се Дамир Терешак и Марко Јакимовиќ. Автор на сценариото е Даријан Пејовски, кинематограф е Дејан Димески, сценографијата е на Игор Тошевски, костимограф е Емилија И. Атанасовска, Ива Куробаса работи на шминка и фризура, Александар Пејовски е автор на оригиналната музика, монтажата е на Владимир Павловски и дизајнот на звукот на Игор Поповски. Филмот е копродукција на Скопје Филм Студио со Maxima film од Хрватска и Giggling goat production од Црна Гора, и е направен со поддршка од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, ХАВЦ – Хрватскиот аудиовизуелен центар и Филмскиот центар на Црна Гора. Овогодишниот филмски фестивал „Синедејс“ ќе се одржи на покривот на ГТЦ. Нуди домашна кинематографија во различни селекции, како што се SEE програмата, Гала програмата, МК Кратки. Организаторите најавија и богата ОФФ програма поврзана со македонската филмска индустрија. За време на прес-конференцијата организаторите истакнаа дека и со драстично намалените средства очекуваат дека ќе направат добар фестивал и ќе ги задоволат вкусовите на љубителите на филмот. Драастично намалени средства, се надевам со максимален труд ќе успееме да направиме добар фестивал и ќе ги задоволиме вкусовите на љубителите на филмот. На 14 јули, на последниот ден од „Синедејс“ ќе се одржи премиерата на „Нема да си сама“ во режија на Горан Столевски. Целосната програма и билетите се достапни на веб-страната на „Синедејс“. ки/вј/      

Остани поврзан