• сабота, 28 декември 2024

Ферстапен стартува од пол – позицијата за ГН на Австралија

Ферстапен стартува од пол – позицијата за ГН на Австралија

Сиднеј, 1 април 2023 (МИА) – Двократниот актуелен светски првак во Формула 1, Макс Ферстапен,ќе стартува од пол – позицијата на утрешната трка за Големата награда на Австралија, откако холандскиот возач доминираше во денешните квалификации.

За Ферстапен ова е втора пол – позицијата оваа сезона, по воведната трка во Бахреин, а вкупно 22 во кариерата.

До него во првиот ред ќе стартува Британецот Џорџ Расел (Мерцедес), а од вториот стартен ред трката ќе ја почнат Британецот Луис Хамилтон (Мерцедес) и Шпанецот Фернандо Алонсо (Астон Мартин).

Ферстапен, кој утре ќе атакува на 37 победа во кариерата и втора оваа сезона, води во генералниот пласман со 44 бодови, еден повеќе од клупскиот колега Серхио Перез. ег/сд/

Остани поврзан