• среда, 25 декември 2024

Ферстапен и следната сезона ќе вози за Ред Бул

Ферстапен и следната сезона ќе вози за Ред Бул


Шпилберг, 28 јуни 2024 (МИА) – Трикратниот последователен шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, најави дека ќе остане во Ред Бул и следната сезона.
Ферстапен во четвртокот вечер беше присутен на прес-конференција пред трката за Големата награда на Австрија, а откако три пати беше запрашан јавно да каже дали следната сезона ќе вози за Ред Бул, тој одговори потврдно.
„Во ред, да“, рече Ферстапен.
„Веќе работиме на болидот за следната сезона, а кога сте фокусирани на тоа, тоа значи дека возите и за тој тим“, додаде холандскиот возач.
Ферстапен е под договор со Ред Бул до 2028 година, но празното место на Луис Хамилтон во Мерцедес од 2025 година предизвика шпекулации дека германскиот тим ќе се обиде да го привлече Холанѓанецот во својот тим.
Шефот на Мерцедес, Тото Волф, претходно оваа година изјави дека би сакал Ферстапен да вози за тимот. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан