• недела, 01 септември 2024

Фернандеш уште во дебитантскиот натпревар за Јунајтед се наметна за нов лидер на тимот

Фернандеш уште во дебитантскиот натпревар за Јунајтед се наметна за нов лидер на тимот
Манчестер, 1 февруари 2020 (МИА) - Играчот од средниот ред Бруно Фернандеш денес го имаше  своето деби за Манчестер jунајтед во натпреварот од 25. коло од Премиер лигата со Вулверхемптон (0:0). Во својот прв натпревар, Португалецот оствари 88 додавања, од кои 11 во шеснаесетникот на противникот. Тој исто така упати пет удари кон голот „волците“. Ова се најдобри статистички показатели од сите играчи на Манчестер Јунајтед. Бруно Фернандеш 118 пати имаше допир со топката, ова е втор резултат меѓу фудбалерите на Јунајтед. Дваесет и петгодишниот играч од средниот ред се пресели во Манчестер јунајтед од Спортинг и веднаш покажа дека ќе биде големо засилување за тимот од „Олд трафорд“. За фудбалерот Јунајтед плати 55 милиони евра, уште 25 се обезбедени како бонуси. Португалецот потпиша договор на пет и пол години со можност за обновување за уште една година. зс/

Остани поврзан