• недела, 16 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Фернандеш за критиките: Не можам да ги променам мислењата на луѓето

Фернандеш за критиките: Не можам да ги променам мислењата на луѓето

Манчестер, 14 март 2025 (МИА) - Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш изјави дека ги користи неодамнешните остри критики на поранешниот капитен Рој Кин како гориво и му возврати на косопственикот Џим Ретклиф за неговите коментари за „преплатените“ играчи.

Португалецот е најуспешното засилување во ерата по Алекс Фергусон и е една од ретките светли точки во сезоната која досега е во голема мера заборавена.

Фернандеш ја продолжи својата одлична форма со „хет-трик“ во победата од 4-1 на домашен терен над Реал Сосиедад во реваншот од осминафиналето во Лига Европа, додека Манчестер Јунајтед се пласираше во четвртфиналето со вкупни 5-2. Тоа значи дека тимот сè уште може да крене трофеј на крајот од разочарувачката сезона, при што поранешниот капитен Кин неодамна се налути дека Португалецот „не е борец“ и дека „талентот не е доволен“.

На прашањето дали таквите критики се неправедни од поранешните играчи на Јунајтед од друга ера, Бруно Фернандеш одговори: „Не, секој има свое мислење и тоа е во ред“.

-Не можам да го променам мислењето на луѓето. Сè што треба да направам е да излезам на теренот и да го дадам најдоброто од себе за тимот. Рој Кин беше неверојатен капитен, еден од најдобрите. Не можев да го гледам многу, само во последните неколку години, но тој беше одличен играч кој освои се за клубот. Тој е исклучително почитуван од сите и ја има целата моја почит. Тој треба да даде свое мислење за ТВ-програмата и ова е неговото мислење за мене. Она што го правам на теренот за да се обидам да му го сменам мислењето или да направам нешто што тој го смета за добро - очигледно го правам на мој начин и не сакам да копирам никого, објасни португалскиот репрезентативец. дс

Фото: Архива

Остани поврзан