• среда, 18 декември 2024

Фернандеш: Аморим ја врати возбудата во Манчестер Јунајтед

Фернандеш: Аморим ја врати возбудата во Манчестер Јунајтед

Манчестер, 14 ноември 2024 (МИА) - Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш изјави дека е вистинско време да дојде новиот тренер, Рубен Аморим и да внесе нова енергија во клубот. Аморим официјално го презеде Манчестер во понеделникот, откако претходно, поради лошите резултати, клубот го напушти Ерик тен Хаг.

„Ова е вистинскиот момент за тој да дојде, да ја донесе својата енергија, своите квалитети и своето знаење за фудбалот, бидејќи направи нешто посебно во Спортинг. Ги гледав скоро сите натпревари на Спортинг, Аморим е некој кој ја врати возбудата во клубот. им донесе многу добри работи и се надевам дека ќе може да го направи истото овде По речиси 20 години, тие ја освоија титулата“, изјави тој за Фернандеш.

Тој рече дека Манчестер има различни играчи и начини на игра.

-Сигурен сум дека идејата што ја има ќе ни донесе успех, без разлика на начинот на кој играме. За мене е важна врската што ја има со играчите. Видовме како се простија од него, тоа го покажува начинот на кој се однесуваат кон него и колкава почит имаат. Тој одеше на конференции и ги бранеше по лошите резултати, изјави Фернандеш.

Португалскиот интернационалец не успеа да постигне гол во 13 натпревари оваа сезона во кои Тен Хаг го предводеше Манчестер, а потоа постигна четири пати во пет натпревари додека Руд ван Нистелрој беше привремено на чело.

Аморим ќе дебитира на клупата на Манчестер на 24 ноември во 12. коло од Премиер лигата против Ипсвич. Манчестер се наоѓа на 13. место на табелата во Премиер лигата со 15 бодови, додека во Лига Европа е на 15. позиција со шест бодови. дс

Фото: Архива

Остани поврзан