• четврток, 26 декември 2024

Фергусон: Неопходно е што поскоро да се формира ЗСО, бидејќи тоа е важен дел од дијалогот и нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина

Фергусон: Неопходно е што поскоро да се формира ЗСО, бидејќи тоа е важен дел од дијалогот и нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина

Белград, 26 април 2024 (МИА) - Амбасадорот на Обединетото Кралство во Србија, Едвард Фергусон нагласи дека е неопходно што поскоро да се формира Заедницата на српски општини, бидејќи тоа е важен дел од дијалогот и нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина.

Белградските медиуми пренесоа од негово интервју за агенцијата Танјуг во кое на прашањето дали верува дека ЗСО некогаш ќе се формира, рече дека поминале 11 години од потпишувањето на Бриселскиот договор со кој беше договорено формирање на Заедницата и дека нејзиното формирање се одложува.

„ЗСО веќе требаше да биде формирана и сакаме да ја видиме што е можно поскоро да се формира. Сметаме дека ова е важен механизам, што треба да им даде доверба на српските заедници во Косово за тоа како најдобро да се спроведат нивните работи“, рече Фергусон.

Тој додаде дека Велика Британија смета дека ЗСО е важен дел од нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина и дека поради таа причина Велика Британија продолжува да ги охрабрува властите во Приштина да тргнат напред во таа насока што е можно поскоро, и дека бил многу јасен и пратеникот на британскиот премиер за Западен Балкан, лордот Стјуарт Пич.

На прашањето каков е ставот на Лондон во однос на едностраните потези на Приштина, како што е укинувањето на динарот на Косово, Фергусон додава дека сите еднострани мерки создаваат дополнителен притисок врз заедниците на Косово и дека тие не се ниту мудри, ниту корисни. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан