• недела, 06 октомври 2024

Ферари му го подари победничкиот болид на Леклерк

Ферари му го подари победничкиот болид на Леклерк
  Монте Карло, 9 април 2021 (МИА) – Возачот на Ферари, Чарлс Леклерк, од денеска е сопственик на нов автомобил, истиот со кој во 2019 година ги постигна своите единствени две победи во трките во рамки на Светското првенство во Формула 1. Леклерк ја сподели веста преку својот Инстаграм профил, објавувајќи фотографија од болидот. -Нешто посебно само што пристигна дома, напиша 23-годишниот жител на Монте Карло, покрај фотографијата од болидот SF90 на Ферари со кој триумфираше на трките за Големата награда на Белгија и Големата награда на Италија на патеката во Монца. Од Ферари на Твитер му одговорија на Леклерк со порака „се надеваме дека уживаш“. Леклерк двете победи ги забележа во својата дебитантска сезона во тимот на Ферари.ег/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан