• четврток, 26 декември 2024

Ферари го затвори музејот во Маранело поради епидемија на коронавирус

Ферари го затвори музејот во Маранело поради епидемија на коронавирус
Маранело, 25 февруари 2020 (МИА) - Ферари презеде рестриктивни мерки поради ширењето на коронавирусот, меѓу нив и затворање на музејот во Маранело. Италија најпогодена европска држава од епидемијата: регистрирани се 229 случаи на зарази, починаа најмалку шест лица. Регионите во Ломбардија и Венето се водечки во ширењето на вирусот, но девет случаи на инфекција се забележани и во Емилија-Ромања, каде се наоѓа базата Ферари. Според упатствата на локалните власти, Ферари ги затвори музеите во Маранело и Модена, ограничен е пристапот до базата за вработените - жители на заразените региони. Тимот ги откажа и сите службени патувања освен најпотребните. Музејот во Маранело ќе биде затворен најмалку до 1 март. Понатамошни мерки за безбедност може да вклучуваат оддалечена работа на дел од инженерскиот тим за време на викендот за трки. Поради епидемијата на вирусот, кинеското Гран-при беше одложено на неодредено време. Трката требаше да се одржи на 19 април. зс/

Остани поврзан