Феникс го продолжи договорот со Букер
- Предводникот на Феникс санс, Девин Букер и официјално потпиша продолжување на договорот со клубот од Аризона.
![Феникс го продолжи договорот со Букер](https://new.mia.mk/index.php/images/20221113173943_big_730x400_80.webp )
Феникс, 7 јули 2022 (МИА) - Предводникот на Феникс санс, Девин Букер и официјално потпиша продолжување на договорот со клубот од Аризона.
- Феникс. Ви благодарам што ми дадовте можност да се развивам и растам. Ја почувствував љубовта на овој град од самиот почеток. Горд сум што го нарекувам ова место мој дом, изјави Букер по продолжување на соработката со НБА-лигашот.
Минатата сезона Букер имаше просек од 26,8 поени, 4,8 асистенции и 5,0 скока. Тој е во тимот од 2015 година.
Според инсајдерски информации, играчот ќе заработи 224 милиони долари за четири години. зс/